Шпанија: Две жртви на самозапалување

Од:

Двајца мажи во Шпанија починаа од изгореници кои ги добиле кога, од за сега непознати причини, сами се запалиле, соопштија болнички извори.

Еден од нив, 57.годишен маж, се запалил во средата во Малага на југот на Шпанија, а подоцна починал во болницата во Севиља.

Весникот “Мундо”, објави дека човекот бил невработен и имал проблеми со пари.

Исто така во Малага, 63.годишен маж се запалил од непознати причини, по што бил префрлен во истата болница, каде што починал во петокот наутро.

Тој беше пронајден на автопатот, веднаш до запалениот автомобил, пренесе АФП.

Во последниве месеци, шпанските медиуми известуваа за серија самоубиства во земјата, за кои се претпоставува дека се резултат од рецесијата и тешката економска криза, поради која се невработени еден од четири работоспособни луѓе.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени