Шпанскиот крал Хуан Карлос денеска ќе потпише акт за абдикација, со што и официјално ќе заврши неговото четиридецениско владеење. На престолот утре ќе седне неговиот син 46-годишниот Фелипе Шести.
Кралот Хуан карлос (76) на церемонија во Кралската палата во Мадрид, пред 150 гости, ќе го стави својот потпис на актот за абдикација, која ќе биде ратификувана од премиерот Мариано Рахој.
Мадрид се подготвува за утрешната церемонија за крунисување на Фелипе Шести.