Шпанец доби 100 милиони евра на лотарија

Од:

Еден Шпанец е добитникот на џекпотот во петокот навечер на европската лотарија Euro Millions и доби 100 милиони евра, соопшти австриската лотарија.

Шпанецот ги погодил сите седум броеви, петте главни од 50 и два броја ткн „среќна ѕвезда” од 11. Добитната комбинација гласи 20; 23; 26; 30; 33, како и бројките 6 и 9.

Апсолутниот рекорд на оваа европската лотарија која се одржува во девет земји, Шпанија, Велика Британија, Франција, Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија, го држи британската брачна двојка којашто на 10-ти август 2012 година доби 190 милиони евра.

Секој играч има шанса од 1 наспроти 116.531.800 да ги погоди седумте бројки.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени