Илјадници демонстранти денеска се собраа во центарот на Мадрид, пред седиштето на владејачката Народна партија, за да бараат оставка на премиерот Маријано Рахој, поради обвинение дека примал уплати од тајни фондови во пресрет на изборите во 2011 година.
Рахој во понеделникот ги отфрли барањата да поднесе оставка откако во медиумите беа објавени пораки од мобилен телефон кои ги разменувал со благајникот на својата партија, а кој исто така учествуваше во аферата околу нелегални уплати на пари и тајни сметки во Швајцарија.