21 век е ера на интелегенција и обединувања. Во услови на мир, каде што се зависи од сите, без партнери и сојузници е тешко да се преживее. А посебно сега, кога економската и политичката безбедност стануваат хипотетички поими. Шангајската организација за соработка и БРИКС имаат една иста цел – баланс на меѓународните сили.
ШОС не е воен блок, за разлика од НАТО и не е редовен собир за безбедност како АСЕАН. ШОС зазема меѓупозиција. Се создава заеднички евроазиски простор, кој ги брани своите интереси, пред се пред Западот. Од друга стана, со своите амбициозни проекти се занимава САД: тоа е трансатланска алијанса која треба да ги обедини Америка и Европа во слободниот пазар; и Транстихокеански трговски пакет кој треба да ја поврзе Азија со Америка. Русија и Кина остануваат надвор од рамките. Во таква ситуација, како и поради санкционата политика на Западот кон Русија, обединувањето во рамките на ШОС постигнува се поголемо значение, истакнува политикологот, експерт за Кина, професор на Рускиот Универзитет на Пријателства на народите Јуриј Тавровски. Оваа организација формирана во 2001 година станува се поважна.
Меѓу другото, во услови на економски санкции кои се применуваат против Русија. Со помош на потенцијалите на колегите од ШОС можеме да решиме многу проблеми. Помош ќе ни пружи Кина и земјите од Централна Азија. Кај различни земји членки на ШОС односите со Западот се различни. Кина на пример, многу добро ја разбира нашата ситуација, бидејќи и самата се наоѓа под дејство на санкции. Санкциите на ЕУ и САД воведени во 1989 година по случувањата во Тјенанмен се укинати само делумно. Тие делуваат до денес и Кинезите многу остро ги осудуваат овие санкции. Тие ја разбираат нашата ситуација и ни помагаат да ги надминеме санкциите.
Наскоро на ШОС може да се придружат и Индија и Пакистан. Така интеграцијата ќе стане уште помасовна. Додека земјите на Големата седумка одат по разгазен пат, БРИКС го има целиот неопходен потенцијал за пробив. Тој ги обединува Русија, Кина, Бразил, Индија и Јужна Африка – економскиот глобален Исток. Пред се, на организацијата и е потребно да ја потврди својата позиција во областа на меѓународните финансии, потенцира заменик директорот на Рускиот центар за истражување АТЕС на Руската академија за економија и државната служба при претсетаделот на РФ Глеб Ивашенцов.
Во американската банка Голдман Сакс спроведено е истражување според кое во актуелната деценија меѓународната потрошувачка треба да скокне за десет трилиони долари. Притоа делот на БРИКС земјите во 2020 година ќе се зголеми од актуелните 23% до 62%. Тоа и е економскиот авторитет на земјите на БРИКС.
Земјите на БРИКС прават повеќе од половина од светското производство. Економските перспективи на обединување се признаваат и на Западот, кој не би сакал да се раздели со својата доминација во меѓународната економија. БРИКС не си поставува себеси задача да се конфронтира со САД и Европа, но се стреми за независност од нив, смета Глеб Ивашенцов:
– САД имаа монопол на доларот како резервна валута. И тие ги диктираат валутно-финанскиските услови во светот. А БРИКС, земајки го предвид неговиот економски авторитет, може да побара зајакнување на своите позиции во светското финансиско регулирање. И одредени договори за тоа веќе и постојат. Меѓу другото, на последниот, шести самит на БРИКС во Форталез преземени се чекори за основање на нова Развојна банка на БРИКС, основан е пул на девизните резерви.
БРИКС поседува огромен интелектуален потенцијал во областа на високата технологија и машиноградба. Според прогнозите на експертите, земјите на БРИКС, со нивните богати природни ресурси, силна производна база и развиено земјоделство, ќе ги поместат западните елити од светскиот економски Олимп.
Гласот на Русија – Москва