Англиските продавници синоќа беа преполни, бидејќи луѓето имаа само неколку часа да купат божиќни подароци пред да бидат затворени продавниците во Лондон и југоистокот на земјата на полноќ.
Хаосот настана откако британскиот премиер Борис Џонсон вчера попладне соопшти дека во третина од Англија – вклучувајќи го и Лондон – од полноќ се воведува повисоко ниво на антиепидемиски ограничувања.
Фотографиите од Оксфорд стрит во Лондон покажуваат преплавени продавници со луѓе кои купуваа подароци во последен момент пред стартот на мерките од четврто ниво.
Во последните часови пред „локдаунот“ се формираа огромни редици по главните улици и супермаркети во земјата за луѓето да се снабдат со неопходните продукти за Божик.