Шолц во Москва во обид да ги намали тензиите околу Украина

Од:

Новиот германски канцелар Олаф Шолц денеска првпат ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин со кого ќе разговара за украинската криза.

Предвидено е состанокот во Кремљ да трае неколку часа, а на крајот ќе се одржи заедничка прес-конференција, јави ДПА.

Посетата доаѓа во време кога германско-руските односи се на најниско ниво. Украинската криза најверојатно ќе засени неколку нерешени билатерални конфликти меѓу Берлин и Москва, коментира агенцијата.

За време на вчерашната посета на Киев Шолц рече дека сака да лобира кај Путин за деескалација на кризата во Украина. Тој го опиша распоредувањето на десетици илјади руски војници долж украинската граница како „несфатливо“.

Тој, исто така, ја предупреди Русија да не изврши напад врз Украина и нагласи дека ЕУ и САД се подготвени да одговорат со строги економски санкции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ