Шолц го реши буџетскиот проблем, ќе земе 720 милиони од Русија

Од:

Германската владејачка коалиција се бори да најде пари поради тековната буџетска криза, а сега би можела да добие неочекуван прилив на средства во форма на голема сума замрзнати руски пари.

Политико пишува дека главниот германски федерален обвинител вчера ја објавил намерата на властите да конфискува околу 720 милиони евра што една руска финансиска институција ги има на сметка во банка во Франкфурт.

– Нема да дозволиме парите од руските фондови кои се користат за финансирање на нелегалната воена агресија против Украина да останат недопрени на германските сметки. Либералната демократија се брани со тоа што застанува на страната на оној кој е нападнат и се спротивставува на насилството со закон – изјави на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) Марко Бушман, германскиот министер за правда.

Политико наведува дека овој потег претставува ескалација на напорите на Германија да ја санкционира Русија.

Официјален претставник запознаен со случајот рече дека ако обвинителите бидат успешни, замрзнатите руски средства ќе се слеваат во германските федерални џебови и ќе и обезбедат на владата потенцијална финансиска корист.

Се вели дека Германија досега ги замрзнала само парите на руски компании и поединци под санкции.

Официјалниот претставник рече дека овие 720 милиони евра, кои припаѓаат на подружницата на Московската берза, се замрзнати откако Европската Унија во јуни 2022 година одлучи да ја додаде оваа институција на листата на санкции воведени поради руската инвазија на Украина.

Се вели дека сега останува на Вишиот регионален суд во Франкфурт да одлучи дали Германија може да ги конфискува парите.

Би можело да ве интересира

Шолц: Русија не е толку силна како што мислат луѓето сега

Шолц: Израелскиот напад врз Рафах ќе го отежне воспоставувањето регионален мир

Еурактив: Шолц ја спречи Урсула фон дер Лајен да се кандидира за шеф на НАТО

Шолц ги предупредува САД на зголемениот ризик од победата на Путин во Украина

Шолц на годишнината од ослободувањето на Аушвиц: Мрачните неонацисти се во пораст

Катерина Ѓуровски

Шолц предупредува на порастот на екстремизмот, ги повикува земјоделците на компромис

Горан Наумовски