Германија прави максимални напори да добива гас не само од Русија, туку и од други добавувачи, изјави канцеларот Олаф Шолц за германскиот телевизиски канал ЗДФ.
– Бидејќи не сме наивни, од една страна ја воведовме оваа регулатива (во врска со санкциите против Русија и суспендирањето на сертификацијата на проектот Северен тек 2), но во исто време однапред се подготвивме за ситуација во која можат да настанат потешкотии, рече тој. – Се подготвивме за набавка на гас од други добавувачи, тоа го направивме и ќе продолжиме да го правиме, рече Шолц. Тој додаде дека Германија се уште купува гас, јаглен и бензин од Русија.
Во врска со гасоводот Северен тек 2, германскиот канцелар рече дека одлуката за суспендирање на сертификацијата е навремена. – Ова беше долгорочен проект, чија реализација беше поттикната од неколку германски влади. Мислам дека некои луѓе не се сосема свесни дека добиваме гас од Норвешка, Холандија и Русија. Бевме целосно подготвени да го запреме процесот во случај на агресивна војна, заклучи Шолц.
Извор: МИА