Шојгу: Од 4 јуни до денес 90.000 украински војници се убиени или ранети

Од:

Руските војници методично ги извршуваат зададените задачи во специјалната операција во Украина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на безбедносниот форум Ксианшан, кој се одржува во Пекинг.

Тој посочи дека руските вооружени сили ќе продолжат методично и самоуверено да ги извршуваат своите задачи и да ја гарантираат безбедноста на цивилите, пренесува РИА Новости.

Шојгу тврди дека од 4 јуни, кога започна контраофанзивата на Украина, повеќе од 90.000 украински војници се убиени или ранети.

Според неговите изјави, Украина од почетокот на контраофанзивата изгубила околу 600 тенкови и речиси 1.900 оклопни возила од различни класи, а не постигнала никаков тактички значаен успех на бојното поле.

Од 29 до 31 октомври во Пекинг се одржува 10. Форум Ксианшан, во организација на Академијата за воени науки на кинеската армија и Кинескиот институт за меѓународни стратешки студии.

На форумот традиционално присуствуваат министри за одбрана, експерти и поранешни воени претставници од различни земји.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања