Шојгу и Асад разговараа за намалување на тензиите во Идлиб

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Сирија разговараше со сирискиот претседател Башар Ал Асад за имплементација на руско-турските договори со сириската Влада за намалување на тензиите во провинцијата Идлиб, во сверозападниот дел на земјата.

Ова го соопшти истражувачот на Центарот за арапски и исламски студии на институтот за Ориентологија на руската академија на науките Борис Долгов кој појасни дека разговорот бил неопходен за да се отстранат разликите меѓу Турција и Русија за тоа прашање.

Како што рече, во договорите не се спомнува инфилтрирањето на радикалите во умерените опозициски сили, што може да биде камен на сопнување меѓу Москва и Дамаск од една, и Москва и Анкара од друга страна.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Башар ал Асад во Москва

Асад е подготвен да отвори други премини за помош во северозападна Сирија

Асад по пет дена се појави во разурнатиот Алепо

Катерина Ѓуровски

Асад: Руската инвазија на Украина е „корекција на историјата“

Сириската опозиција го отфрли предлогот на ОН за етапни преговори со власта на Асад

А1он