Шмихал: Украина очекува пет милијарди помош од ЕУ

Од:

Премиерот на Украина, Денис Шмихал денеска во Берлин изјави дека Киев очекува да добие пет милијарди евра макрофинансиска помош од Европската Унија следните недели.

– Помошта од ЕУ ќе придонесе за стабилност на украинската економија, армија и претстојната грејна сезона, објави Шмихал на Телеграм пред средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

Украинскиот премиер истакна и дека Германија есенва ќе и достави на Украина софистицирани системи за воздушна одбрана.

Шмихал вчера допатува во Берлин, а денеска покрај средбата со Штајмајер предвидено е да се сретне и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русите го напаѓаат регионот Одеса со беспилотни летала

Руската одбрана собори 11 украински беспилотни летала

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Путин призна дека Русија повеќе пати напаѓа цивилни цели во Украина

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето