Шмихал: Потребни ни се 20 милијарди долари за купување оружје

Од:

На Украина ќе ѝ бидат потребни помеѓу 12 и 20 милијарди долари воена помош следната година како дел од новата иницијатива на НАТО за купување американско оружје, изјави денеска украинскиот министер за одбрана – Денис Шмихал.

Зборувајќи на безбедносниот самит во Брисел, Шмихал истакна дека Украина, со доволна финансиска поддршка од своите сојузници, би можела да произведе дури 10 милиони дронови во текот на 2026 година.

Сепак, тој нагласи дека на земјата сè уште ѝ недостасува муниција за артилерија со долг дострел, клучна за борбата против руските сили.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија

Несогласување во ЕУ: Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците за Украина