„Шлаканица“ за Грета: „Не сум фокусиран на импресионирање на луѓето во странство“

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон одговори на коментарите на Грета Танберг за улогата на политичарите во катастрофалните пожари во Австралија.

Масовните пожари во неколку австралиски држави доведоа до вонредна состојба. Во повеќе од 200 пожари во четири австралиски држави изминативе неколку месеци се изгорени околу три милиони акри, девет лица ги загубија животите и уништени се повеќе од 800 домови.

Еколошката активистка, Грета Тунбер, во објава на „Твитер“, ја критикуваше улогата на Морисон во решавањето на вонредните ситуации.

Објавата на Тунберг беше споделена повеќе од 170.000 пати, што го натера Морисон да одговори.

Морисон рече дека е фокусиран на интересите на Австралија, а не на „воодушевување“ на луѓето во странство со неговата политика.

„Австралија и австралиската влада ќе ги постават нашите политики врз основа на австралиските национални интереси, врз она што Австралија треба да го направи. Така се фокусирам “, рече Морисон.

„Не е на мене да коментирам што оние надвор од Австралија мислат дека Австралија треба да направи. Во Австралија ќе го направиме тоа што мислиме дека е правилно за Австралија. И тоа секогаш беше мој водечки принцип.“, додаде Морисон, кој беше критикуван во врска со актуелната катастрофа, вклучувајќи го и ставот на владата за климатските промени сред одбивањето да се намали индустријата за јаглен.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он