Ширум светот денеска се одржуваат комеморации со кои се одбележуваат 100 години од потпишувањето на Примирјето со што беше ставен крај на Првата светска војна.
Во Австралија одржана е свеченост во Националниот воен Меморијал во Канбера, додека во Аделејд со авион од воздух се фрлени ливчиња од мак.
На Нов Зеланд, во Велингтон овој ден е одбележан традиционално – со две минути молчење, почесна стрелба, додека во 11 часот по локалнио време ѕвонеле камбаните во сите цркви.
Во Индија се одржуваат церемонии за 74.000 војници кои загинале во борби на другата страна од светот.
Главната свеченост се одржува во Париз.
Во Првата светска војна, која траела од 1914 до 1918 година, загинале 9,7 милиони војници и 10 милиони цивили.