Шинѕо Абе беше реизбран за премиер на Јапонија со големо мнозинство од гласовите на пратениците во Долниот дом на Парламентот по победата на неговата Либерално-демократска партија на предвремените парламентарни избори на 14 декември.
Конзервативецот Абе ги доби гласовите на 328 од вкупно 470 пратеници. За другиот кандидат , Кацуја Окада од опозициската Демократска партија гласаа само 73 пратеници.
Претходно и Горниот дом на јапонскиот Парламент го поддржа новиот мандат на Абе, кој ќе трае до 2018 година.