Шиитските бунтовници во Јемен се согласија на прекин на огнот

Од:

Јеменските шиитски бунтовници од групата „Ансар Аллах“ се согласија денеска да ги прекинат борбите со сунитските борци од партијата „Ал Ислах“, соопштија учесници во преговарите органирани со посредништво на ОН.

– Водачот на бунтовниците Абдел Малик ал Хуси се обврза да го потпише договорот во Сана вечерва или во текот на утрешниот ден, соопшти улчесник во преговарите што се одржаа во градот Сада во северен Јемен.

Договорот треба да стави крај на борбите, во кои вчера загинаа 40 луѓе на двете страни.

Досега не се соопштени никави детали од договорот, постигнат со посредништво на пратеникот на ОН Џамал Беномар, кој неколку денови се обидуваше да постигне прекин на судирите.

На преговоирте во градот Сада, кој важи за упориште на „Ансар Алах“, присуствуваше е делегација на јеменските власти.

Шиитските бунтовниц како услови за прекин на судирите бараат смена на владата, која ја обвинуваат за корупција, како и учество во изборот на министри и излез на море на регионот под нивна контрола.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен