Шиитските бунтовници го заробија претседателот на Јемен

Од:

Шиитските бунтовници го држат заробен претседател на Јемен Абдрабух Мансур Хади во неговиот дом во Сана.

Хади не може да го напушти својот дом. Шиитските бунтовници ги истерале неговите членови на обезбедувањето и ставија за обезбедување свои луѓе.

Јеменските сили за безбедност го затворија воздушниот, поморскиот и копнениот простор во најголемиот град во земјата Аден на брегот на Арапското Море, јави ТАСС.

Одлуката за блокирање на градот е донесена од Советот за безбедност на провинцијата Аден, со цел да се изрази протест против „агресијата врз симболот на националниот суверенитет и уставна законитост, Хади“.

Советот нагласи дека шиитските милиции Хути се одговорни за безбедноста на претседателот Абдрабух Мансур Хади и на премиерот Халед Бахах, кои Хутите ги опколиле во Сана, како и на шефот на кабинетот на претседател Ахмед Авад бен Мубарак, кого го киднапираа во саботата.

Јеменските медиуми јавуваат дека шиитските бунтовници се приближуваат кон позициите на владините војски во Сана и другте градови, обидувајќи се да извршат државен преврат.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

Хутите нападнаа брод во Црвеното Море, екипажот е евакуиран, се трага по исчезнат морнар