Шестте години од кризата и нанесоа удар на демократијата во јужниот дел на Источна Европа

Од:

Европската унија во 20-те години на 21иот век имаше амбиција да ги интегрира Украина, Молдавија, а исто така и Грузија и некои поранешни југословенски републики. Овие перспективи кои досега веќе можат да се дефинираат како „оптимистички“, брзо избледеа, прво заради економската криза, а потоа заради притисокот од Москва. „Меката сила“ на Европа која до голема мерка се потпира на доброто финансиско управување и борбата против корупцијата, денес се наоѓа во привремен ќорсокак заради политичката и економската ситуација со новите држави членки (кои беа примени помеѓу 2004 и 2007 година). Но нема да го критикуваме самото функционирање на европските инститцуии, ниту пак европскиот проект кој останува еден од најиновативните заедно со Асеан, туку поскоро ќе ја истакнеме особеноста на новите членки и значењето на националното чувство за да ја објасниме разликата во развојот на државите членки на ЕУ. И иако луѓето се сеуште склони да прават разлика помеѓу западот и истокот, денес изгледа пологично да зборуваме за Северна и Јужна Европа, кои си противречат една на друга, како во економски, така и на политички план.

За да направиме брз преглед на ситуацијата, доволно е да обрнеме внимание на зборовите на француските и британските евроскептици, кои не се колебаат да ги критикуваат институциите користејќи аргументи за лошата економска ситуација и корупцијата во Романија и Бугарија, или споредувајќи ги сличните случувања во Унгарија. Парадокласно е што евроскептиците ретко ја споменуваат Естонија или Полска, кои се сметаат за дел од истокот. Тој пропуст се објаснува со тоа што е тешко да се критикува Полска, чиј БДП се удвоил во периодот 2004-2014 г. и кој продолжува да биде играч кој не може да биде занемарен кога станува збор за европско-руските односи. Естонија исто така не заостанува во тој однос. Таа по ништо не отстапува од економските успеси на Полска и денес е лидер во областа на информтиката и на кибербезбедноста.

Евроскептиците на прст можат да го набројат она кое ги плаши, и се воздржуваат да се потсетат дека економските успеси на нивните сопствени држави се доста пониски во однос на некои нови европски членки. На што се должат разликите помеѓу гореспомнатите источни држави чии економски и политички системи често остануваат непознати, можеме да сфатиме преку споредбата на тандемот Естонија-Полска со триото Унгарија-Романија-Бугарија.

Естонија и Полска – одмаздата на естонскиот технофил и на полскиот водоводџија

Естонија е земја со скромни размери на брегот на Балтичкото Море, и со специфична северна култура. Иако ваквата дефиниција е спорна, таа изгледа најсоодветна да се опишат луѓето во оваа лутерантска земја, која зборува угро-фински јазик. Парадоксално е, но таквата претстава кои ја имаат етсонците за својата земја ги тера да одат напред и објаснува дел од нивниот успех. Скандинавските земји се познати по најнискиот пораст на корупција во светот, по чувуање на животната средина, и по најрамноправни општества. Естонската влада која сака да ги копира овие споманти стереотипи, мораше да работи на трите спомнати точки со намалување на социјалните разлики, со вооведување на стандарди за зачувување на животната средина, и пред се активно борејќи се со корупцијата. Борбата против нееднаквоста беше една од причните заради која голем дел од населението на Естонија успеа да добие достап до државните ресурси, а тоа доведе до пораст на потрошувачката и го ограничи трупањето на богатства во рацете на малцинство. Борбата за зачувување на еколошките стандарди придонесе земјата да ја ограничи употребата на фосилни горива, со што се намали нејзината енергетска зависност од Русија и од буџетскиот дебаланс помеѓу увозот и извозот. И на крај, желбата за борба против корупцијата доведе до бришење на старите елити и до создавање на нови идеи. Стремежот на владата да се бори против корупцијата исто ја објаснува желбата да се фокусира кон информатичките технологии. Естонија располага со средства за електронско управување на информациите, со кои се поврзани нејзните граѓани – од купување на автобуски билет до издавање на рецепти. Достапот до тие податоци овозможува да се следат евентуални застранувања од системот во момент во кој земјите од Западна Европа се повеќе ги чувствуваат последиците од злоупотребите во нивните социјални системи. Истото е и при гласањето по интернет, што и дозволува на владата во Таљин да гарантира дека нема да има измами од типот полнење на кутиите со ливчиња.

Што се однесува до Полска, стратегијата на властите таму беше радикално различна. Полските економски постигнувања не можат да се објаснат на истиот начин како оние во Естонија. За разлика од малата Естонија, Варшава реши да се отвори кон светот и да ги искористи азиските економски методи, посебно кинеските. Варшава отвори слободни економски зони блиску до Германија, што на европските и странските компании им овозможи да се преселат во таа земја и да ја искористат близината со Германија. Полска се обидува да инвестира во својот универзитетски систем и да создаде елити. И на крај, Полска ја искористи значајната предност која ја имаше кон Западна Европа, каде растот е во стагнација. Земјата беше единствена во Европа која не потпадна во репресија и чиј БДП порасна. Колку и да е невообичаено, една земја чие БДП расте, преживува и обновување на своите политички елити, затоа што треба да се назначуваат нови луѓе во администрацијата која исто така расте, за да одговори на промените во земјата. Полска, која во 2004 година беше сметана за опасност заради познатите полски водоводџии, денес е играч во европската дипломатија, која не можен да биде занемарена заради своите методи на делување.

Унгарија, Романија и Бугарија – структурни или културни проблеми?

Унгарија често изгледа како земја во која крајната десница управува, а евроскептицизмот владее. Унгарија има стратешка позиција во Европа, но треба да си ги решава и внатрешните проблеми, посебно емиграциските кои се тешки за разбирање за оние кои не живеат таму. Но главниот проблем на Унгарија не е толку нејзината тековна ситуација, колку што е нејзното минато. За Унгарците, кои некогаш биле во срцето на империјата, денес е тешко да бидат во втор план во Европа и во светот. Таквата империска носталгија ја објаснува крајнодесничарската тенеденција која не е врзана само заради многуте роми кои живеат на унгарска територија, туку е и чувството кај унгарците дека се под конторола на институции кои носат решенија наместо тие самите.

Што се однесува до Романија и Бугарија, тука треба да го истакнеме фактот дека тоа се земји во кој културнот фактор игра важна улога, а тоа го објаснува тепкото прилагодување кон реформи и растот на нееднаквоста.

Романија е латинска земја и спротивно на Естонија која се инспирира од скандинавската култура, нејзин пример се Франција, Италија и Шпанија – земји во кои е повеќе приустна корупцијата и во кои елитите бавно се обновуваат. Но православната култура на Романија ги тера жителите да се изедначуваат со земји како Грција, Украина или Русија, кои не се пример за модернизирање и добро економско управување. Овие две влијанија – латинското и православното – раѓаат кај романците визија за Европа и за светот која е различна од таа на скандинавските земји и на Германија. Таа споредба ја објаснува претераната толерантност на елитите кон корупцијата и со поголемата леснотија населението ја прима. Тажно е што корупцијата може да биде факторт кои се цени во економската ситуација на некоја земја и пред се на распоредувањето на богатствата. Можеме да констатираме дека по улците на Букурешт има големи различности меѓу жителите. Од една страна се оние кои се обидуваат да преживеат, а од друга – оние кои целосно го користат отварањето на нивната земја кон светот и од глобализацијата. Иако треба да се одбележи и дека Романија напредува, за што се доказ предностите со кои таа распоалага, а тоа се енергетските ресурси, образуваното население и квалитетни романиски пратенции, кои се фаќаат за работа кога на пример станува збор за преговори помеѓу Европа и Русија или за Молдова. Заради економската криза од 2008, Романија загуби време затоа што заради падот на економсиот раст, владеечките елити не успеаја брзо да се опорават. Освен тоа романците очекуваа и сеуште очекуваат многу реформи во еден систем на кој му треба време за да ги имплементира. На крај, треба да се додаде дека нетрпението кај романците и нивната силна мобилизација за критикување на системот, се елементи кои сведочат за нивната желба да напредуваат.

Што се однесува до Бугарија, граѓаните се првите кои страдаат од економската стагнација и од се подлабоките разлики помеѓу богатите и сиромашните. Треба тука да ја додадеме и културната блисксот со Русија, со што може да се објасни дел од евроскептицизмот кој е толку голем колку и во Велика Британија, која руските медиуми ја претставуваат како лош пример за ЕУ и Нато. Проблемот со Бугарите е што тие често за пример ги земаат словенските земји, наместо земјите од Западна Европа.

Во однос на сето ова треба да се каже и дека денес моделот за идентификација има поголемо влијание отколку економскиот контекст сам по себе. Пример за тоа е полскиот раст во екот на кризата во периодот 2008-2012 година.

Важно е да се знае дека членството во ЕУ не води до просперитет на некоја земја, ниту пак добрата примена на бриселските препораки кои често пати се и правилни (иако многу влади тешко го прифаќаат тој факт). Националните политики, борбата со корупцијата, обновата на елитите и квалитетот на универзитетите кои треба да ги подготват таквите елити, се факторите кои влијаат на економските постигнувања на секоја земја.

Атлантико – Париз

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ