Шестнаесет загинати при напад врз приврзаници на Морси во Каиро

Од:

Шестнаесет лица загинаа во напад, извршен синоќа во Каиро врз приврзаници на египетскиот претседател Мохамед Морси. Министерството за здравство соопшти дека во нападот се ранети 200 лица.

Приврзаниците на Морси биле нападнати од група непознати лица, вооружени си огнено оружје.

Во меѓувреме во декларација, на Вишиот совет на вооружените сили на Египет, објавена на Фејсбук се наведува дека египетската армија е „подготвена да умре, заштитувајќи го својот народ од терористи, радикали и глупаци“.

Со ова армијата му одговори на Морси, кој го отфрли ултиматумот на воените сили, кои од него побараа да ги исполни барањата на народот и да се согласи на предвремени избори. Морси одби да поднесе оставка, нагласувајќи дека е законски избран претседател на државата.

Денеска истекува 48-часовниот ултиматум, даден од армијата до сите политички сили со барање да ја решат острата политичка криза.

Опозицијата го оцени синоќешното обраќање на претседателот кон нацијата за поттикнување на граѓанска војна, а претставник на младинското движење „Тамаруд“ го обвини претседателот дека му се заканува на својот народ.

Движењето ги повика милоните Египќани денеска да излезат на протести со барање за оставка на Морси, како и со барање претседателот и неговите соработници да бидат уапсени и изведени пред суд.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет