Четворица борци и двајца војници загинаа во денешниот напад врз индиската военовоздушна база во близина на границата со Пакистан, соопшти индиската армија.
Напаѓачите со украден полициски автомобил влегле во базата Патханкот во индиската сојузна држава Пенџаб и фрлиле гранати. Во нападот повредени се петмина индиски војници.
Се претпоставува дека за нападот одговорна е групата Џаиш е Мохамед, формирана во Пакистан. Напаѓачите се обиделе да стигнат до техничкиот реон на базата за да ги уништат авионите и хеликоиптерите, но не успеале.
Се уште не е познато колку напаѓачи влегле во базата Патханкот, која се наоѓа на главниот пат што ги поврзува индиските држави Џаму и Кашмир, каде дејствуваат сепаратистички групи.