Најмалку шест лица загинаа при пад на хеликоптер на американската нафтена компанија „Шеврон“ во Ангола.
Во несреќата загинаа четворица државјани на Ангола и двајца странци, соопшти анголската безбедносна служба.
– Несреќата се случи во лоши временски услови, изјави претставник на армијата на Ангола, која раководи со спасувачките операции.