Шест работиници загинаа денеска при експлозија и пожар во рафинерија за нафта во градот Ачинск во рускиот сибирски регон Карснојарск.
Како што јави ИТАР-ТАСС, при несреќата се повредени седум лица, а две други се водат како исчезнати.
Повредените се здобиле со изгореници и скршеници и се жалеле на проблеми при дишењето.
Според прелиминарната истрага, причина за експлозијата било истекување на гас.
Рафинеријата во Ачинск, град кој се наоѓа на 160 километри западно од Краснојарск, е изградена во 1993 година.