Шест луѓе се уапсени во Шпанија, Велика Британија и во Германија под обвиненија за врски со џихадиситчката група Исламска држава (ИД), ширење на нејзини идеи и радикализација на потенцијални членови, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи.
Апсењата се извршени од шпанската полиција во соработка со германски и британски колеги.
Четири лица се приведени во Палма де Мајорка и по еден во Германија и во Велика Британија, се додава во полициското соопштени.
При апсењето се користени информации од Европол, Евроџаст и шенегенскиот систем. Уапсените создавале и ширеле видео материјали во кои имало насилства и органзиирале тајни средби за врбување млади луѓе како борци во конфликтни зони. Истрагата почнала во 2015 година.