Шест лица беа изложени на радиоактвно зрачење денеска при истекување на вода со висока концентрација на стронциум-90 и цезиум од јапонската нуклеарн „Фукушима-1“, јави ИТАР-ТАСС.
Како што соопшти компанијата оператор на централата ТЕПКО, ова е првиот ваков случај од март 2011 година, кога од земјотресот и цунамито што следеше по него, беа оштетени системите за ладење на три реактора на нуклеарката и од кои почна да се шири радијација.
Инцидентот се случил при ремонт на цевките на системот за прочистување на водата во кој учествувала група од 11 работници. При тоа, еден од работниците отворил погрешна цевка и од неа под пристисок прснал млаз радиоактивна вода. Шестмина работници дошле во контакт со рафиоактивната вода, по што биле пренесени во болница каде се испитува нивната дравствена состојба.
Радиоактивната вода истекувала 50 минути, при што се излеале 10 тони. Концентрацијата на стронциум-90 во истечената вода изнесувала над 37 милиони бекерели на литар, а на цезиумот 2.000 бекерела на литар. Безбедните норми се до 30 бекерели на стронциум и до 90 бекерела на цезиум на литар.
ТЕПКО потенцира дека истечената радиоактивна вода не излегла надвор од заштитните прегради.