Шест западни држави – Франција, Италија, Германија, Велика Британија, САД и Канада – заеднички апелираат за итен прекин на огнот во сирискиот град Алепо, за да биде доставена хуманитарна помош во реоните што се под контрола на бунтовниците.
Шесте земји ги осудуваат Русија и Иран за поддршка на сирискиот режим и инсистираат Москва и Тегеран да го искористат влијанието врз Дамаск, за да биде прогласено примирје.
Тие предупредуваат дека во Алепо се создава хуманитарна катастрофа и оти постои опасност од извршување воени злосторства.
Лидерите на шесте држави инсистираат сирискиот режим да го примени планот од четири точки, предложен од Обединети навии, за да се стави крај на ужасната ситуација во Алепо.
– Апсолутно под итно да биде прекинат огнот за да можат ОН да достават хуманитарна помош на жителите на источно Алепо да им помогнат на луѓето да избегаат од градот, се наведува во декларацијата на лидерите на шесте земји, објавена во Елисејската палата.