Шест припадници на Ал Каеда убиени во напад со беспилотни летала во Јемен

Од:

Најмалку шест членови на Ал Каеда се убиени синоќа во напад на американски беспилотни летала во Јемен, соопшти денеска претставник на јеменската армија.

Шестмината припадници на Ал Каеда патувале со две возила во конвој во близина на Махвад во југоисточната провинција Абиан, истакна анонимнот воен претставник.

Ал Каеда продолжува да биде активна во Махвад, во близина на градовите Зинжибар и Џаар, кои екстремистите ги контролираа во период од една година, пред да бидат протерани по офанзива на јеменската армија во јуни 2012 година.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен