Шест полицајци загинаа во вооружен напад на северот на Мексико

Од:

Шест полицајци беа убиени вчера во вооружен напад на север во Мексико,соопштија властите на државата Нуево Леон, која често има акти на насилство поврзани со трговија со дрога. Полицијата среде ноќ била нападната од напаѓачи кои патувале со десетина оклопни комбиња.

Во нападот загинаа шест полицајци, а четворица се ранети, се вели во соопштението на властите, кои не прецизираа дали напаѓачите се членови на криминална организација која дејствува во регионот, што граничи со САД. Околу 340.000 луѓе се убиени во Мексико од 2006 година, а повеќето од нив се верува дека се жртви на криминални организации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски