Шест лица загинаа, а 18 се повредени откако автобус на дом за деца од Санкт Петербург денеска имаше несреќа во Вологодската област, пренесоа руските медиуми.
Властите соопштија дека во автобусот имало 25 деца и шестмина возрасни.
Автобусот се судрил со камион на патот меѓу градовите Вологда и Нова Ладога.
На местото на несреќата се пристигнати шест екипи на итната помош.
Полицијата се обидува да ја утврди причината на несреќата.