Шестмина Еѓипќани беа убиени и 11 повредени во десетина напади на исламистички милитанти на Синајскиот полуостров, во близина до границата на Египет со Израел и Газа.
Убиените се двајца цивили, двајца офицери и двајца полицајци. Нападите беа извршени вчера во и околу градот Ел Ариш врз полициски станици и воени пунктови.
Вчера беа извршени најбројни напади со најмногужртви за еден ден од почетокот на месецот.
Насилствата во овој регион се разгореа откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси на 2 јули. Оттогаш исламистите речиси секој ден напааѓаат контролни пунктови и други цели и убија најмалку 20 лица.