Шеснаесет лица се повредени во пожар во дом за стари лица во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, соопшти ДПА.
Меѓу повредените има 13 лица од домот и тројца полицајци.
Моментално силите на редот се обидуваат да утврдат кои се причините за пожарот.
Во домот биле сместени 100 лица, соопштува ТАСС.