Шеснаесет лица починале од студ во Чиле

Од:

Ниските температури кои ги зафатија некои делови на Чиле беа причина за смртта на најмалку 16 лица оваа година.

Последните две жртви починаа вчера на улиците на главниот град Сантијаго, а повеќето од починатите биле бездомници кои немале каде да се скријат од студот.

Температурите во некои делови од земјата достигнале и до минус осум степени Целзиусови, но метеоролозите најавуваат дека студенето време наскоро ќе се оддалечи од подрачјето на Чиле.

Шефот на државата Себастиан Пинера ги повика своите сограѓани да им помогнат на оние кои немаат споствен дом и да ги упатат кон засолништа. На улиците во Чиле живеат околу 12.000 бездомници, кои најчесто се жртви на екстремно ниските или високите температури.

Минатата година од студ во Чиле починаа повеќе од 50 лица, а пред две години над 150 луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера