Шеснаесет години живеал во шума во Сибир

Од:

Еден дваесетгодишен руски државјанин, со своите родители околу шеснаесет години живеал далеку од цивилизацијата, во шума во Сибир – пренесе „Франс прес“.

Според претставникот на локалното обвинителство Роман Фомин, момчето го пронашле жителите на градот Белокурих, во регионот на Алтај, откако родителите го напуштиле.

„Момчето од шумата“ или „Могли од Сибир“, раскажал дека е роден 1993 година и дека од 1997 жевеел во шума. Неговите родители решиле да се повлечат од општеството за да живеат во колиба во шума.

Откако родителите во мај го напуштиле, тој кон крајот на летото побарал помош во соседното село.

–Изгледаше нормално и здраво. Полека зборуваше бидејќи не комуницирал како останатите луѓе – изјави Фомин, и додаде дека од Обвинителството побарал на момчето да му издадат лични документи за да може да добие помош од државата и да започне нов живот.

Обвинителството се уште не знае каде се родителите на ова момче.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија