Шерман: При севернокорејска нуклеарна проба, САД, Јужна Кореја, Јапонија и светот ќе одговорат силно и јасно

Од:

САД, Јужна Кореја и светот силно и јасно ќе одговорат, доколку Северна Кореја изврши нуклеарна проба, предупреди денеска заменичката на американскиот државен секретар, Венди Шерман.

– Било каква нуклеарна проба би претставувала целосно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации и ќе повлече со себе брз и силен одговор. Јас верувам дека не само Јужна Кореја, САД, Јапонија, туку целиот свет ќе одговори силно и јасно, изјави Шерман, по разговорот со нејзиниот јужнокорејски колега, Чо Хјун-Донг.

Нејзината изјава следува по истреланите осум проектили земја од источниот брег на Јужна Кореја, од страна на јужнокорејските и американските сили во текот на вчерашниот ден. Тоа беше нивен одговор на неделното лансирање неколку балистички проектили со краток дострел од севернокорејската страна.

Шефот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси, вчера истакна дека Северна Кореја продолжува да ја шири својата главна нуклеарна централа во Јонгбјон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина