Шеремет: САД и Велика Британија го туркаат светот во апокалипса

Од:

Доставувајќи оружје за Украина, западните земји го доведуваат светот во смртна опасност, смета пратеникот на руската Државна дума од Крим, Михаил Шеремет.

„Со објавувањето на нивната намера да достават ракети и бомби со долг дострел на Украина, западните земји, пред се САД и Велика Британија, ја отвораат Пандорината кутија, туркајќи го светот во смртна опасност и апокалипса, по што нема да има враќање“, рече Шеремет.

Пратеникот истакна дека дојде време кога лидерите на сите земји треба да се однесуваат избалансирано и одмерено во меѓународните прашања и односи.

Минатата пролет Русија испрати нота до земјите на НАТО за испорака на оружје за Украина.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека секој товар што содржи воена опрема ќе стане легитимна цел на руската војска.

Би можело да ве интересира

Украина и Русија тајно започнуваат нови преговори објави Financial Times

Кремљ му се закани на германски гигант за производство на оружје

Русите го нападнаа Киев, 19. пат месецов, има повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите влегоа во Селидово, источниот фронт се распаѓа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите напредуваат, се поблиску до клучниот град

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ