Шемоњак: Полска нема да и испорача смртоносно оружје на Украина

Од:

Полскиот министер за одбрана Томаш Шемоњак изјави дека Полска нема на Украина да и испорачува смртоносни орудија, но додаде дека Западот не е особено оптимистички настроен за исходот од мировните преговори поради руската „ниска надежност“, пренесоа американските медиуми.

За утре во Минск е предвидена средба на врвот за решавање на украинската криза, на која ќе учествуваат лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција.

Шемоњак за полското Радио 1 изјави дека првиот чекор треба да биде прекин на огнот, „а потоа можеме да зборуваме“.

Во интервјуа за неколку полски медиуми Шемоњак информира дека Полска на армијата на соседна Украина и доставила храна, облека и ќебиња во вредност од околу 17 милиони злоти (четири милиони евра) и подготвува нова слична пратка.

Тој ја повтори својата позиција дека нема пречки за трговските оружени зделки.

Шемоњак, меѓутоа, за весникот „Газета виборча“ подвлече дека е исклучено да се достави тешко вооружување и ги отфрли шпекулациите на полските медиуми дека полската Влада може на Украина да и понуди противвоздушни ракети „Гром“ или тенкови Т-72.

– Сакам да е сосема јасно: нема збор дека на Украина ќе и се испорачува тешко вооружување или ракети „Гром“, тенкови или друго слично вооружување. Полска немала и нема вакви планови, рече Шемоњак.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он