Шефовите на НАТО и на ЕУ ветија „високи казни“ за Русија доколку ја нападне Украина

Од:

Шефовите на НАТО и на Европската унија нагласија дека Русија ќе се соочи со казни доколку преземе дополнителни воени дејствија против Украина.

По видео-повикот со американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Твитер објави дека „секоја натамошна агресија од Русија ќе има висока цена“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен одделно твитна дека „силен пакет санкции е подготвен“, додека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека „секоја натамошна воена агресија против Украина ќе има огромни последици како одговор“.

Тие ги дадоа своите коментари по видео-повикот, во кој беа вклучени и лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Полска и Романија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи