Шефот на Вагнер призна: Убиени се 10.000 затвореници што ги однесов во битката за Бахмут

Од:

Околу 10.000 од 50.000 регрутирани затвореници во руските затвори загинаа во Украина, каде што беа на првата линија во крвавата битка за Бахмут, призна водачот и основач на таа платеничка група Евгениј Пригожин.

„Избрав 50.000 затвореници, од кои 20 отсто починаа“, рече Пригожин во интервјуто објавено синоќа од блогер близок до Кремљ, Константин Долгов.

Во исто време, тој рече дека сличен број од професионалните војници загинаа во борбите, без да го прецизира нивниот број.

Според него, украинските загуби се многу поголеми.

Пригожин за првпат отворено зборуваше за обемот на загубите на неговата група, додека на руска страна се прави се за да се избегне откривање на бројот на загинатите и ранетите.

Руската војска последен пат објави податоци во септември 2022 година, кога објави 5.900 мртви во своите редови.

Би можело да ве интересира

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ