Шефот на Вагнер му се заканува на Кремљ: Ќе добие шлаканица од народот

Од:

Евгениј Пригожин, основач на групата Вагнер, рече дека е убеден оти високите функционери на Кремљ го забраниле неговото „покривање“ во државните медиуми.

На почетокот на овој месец, Пригожин прогласи победа во Бахмут, но државната телевизија 20 часа го игнорираше падот на источниот град и не го емитуваше победничкиот говор на Пригожин.

Пригожин употребл голем број руски поговорки за да ги исмева одговорните за неговата очигледна забрана.

„Она што е забрането е секогаш послатко. Вагнер не е лизгав сапун што бирократите се навикнати да го фрлаат насекаде. Вагнер е шило, нож што не можете да го скриете“, рече Пригожин.

„Апсолутно сум убеден дека тие го забранија известувањето. Тоа што бирократите на високо ниво во истите тие кули на Кремљ се обидуваат да ги замолчат сите за да не зборуваат за Вагнер, само ќе го турка народот понатаму“ рече Пригожин.

Тој додаде дека ваквиот пристап ќе предизвика реакција кај рускиот народ.

„Долгорочно – долгорочно два или три месеци – ќе добијат шлаканица од народот затоа што се обидуваат на сите да им ги затворат устите и ушите“, рече Пригожин.

Би можело да ве интересира

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“