Шефот на тајната служба на Руанда уапсен во Лондон

Од:

Раководителот на тајната служба на Руанда, Карензи Караке, кој се наоѓа на меѓународна потерница, издадена од Шпанија, е уапсен во Лондон.

Тој е задржан во притвор, каде ќе остане до четврток, кога првпат ќе биде сослушан од судијата за екстрадиција, за да се одлучи дали ќе биде префрлен во Шпанија или ќе може да се врати во Кигали, во Руанда.

Караке, кој има воен чин на генерал, е обвинет за воени злосторства и за геноцид, затоа што наредил масакр врз цивили, додека раководел со военото разузнавање на оваа источноафриканска земја, во време на тамошната крвава гражанска војна во 1994 година.

Тој е обвинет и за убиство на тројца Шпанци, активисти на хуманитарната организација „Медикос дел Миндо“ кои во тој период дејствувале во Руанда.

Во 2008 година, еден шпански суд покрена обвинување за 39 поранешни и сегашни високи воени функционери на оваа африканска земја.

За време на крвавите настани и извршениот геноцид, само меѓу април и јуни 1994 година повеќе од 800 илјади лица беа убиени од припадниците на екстремистичките и милитантни Хути.

Голем број од убиените припаѓаа на етничката заедница на локалните Тутси, а меѓу жртвите на масакрите имаше и умерени припадници на Хутите кои се противеа на насилствата и на спроведениот геноцид.

Министерството за надворешни работи на Руанда остро го осуди апсењето на Карензи Караке, како и се уште отворената меѓунардна потерница за 39 воени функционери на оваа земја.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот