Шефот на швајцарската дипломатија Дидие Буркхалтер се повлекува политиката

Од:

Министерот за надворешни работи и поранешен претседател на Швајцарија, Дидије Буркхалтер, (57), денеска до Парламентот ја испрати својата оставка, соопштувајќи дека планира Владата да ја напушти на 31 октомври.

Како што објасни, во неделата неочекувано станал свесен за сознанието дека е време да си замине од политиката.

-По 30 години политички ангажман, вклучувајќи и осум години во владата, чувствувам потреба наскоро да напишам нова страница во својот живот, наведе Буркхалтер во своето писмо-оставка.

Тој додаде дека се уште не знае „кое мастило ќе го користи, но дека ќе користи бои кои се повидливи во личниот, отколку во јавниот живот“.

Шефот на швајцарската дипломатија на новинарите им кажа дека не чуствува огорченост, туку дека само сака да работи нешто друго, пренесуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ