Директорот на надворешната разузнавачка служба на Русија, Сергеј Наришкин, во врска со обидот за вооружен бунт на групата „Вагнер“ изјави дека обидот за дестабилизација на руското општество не успеал.
„Во овој момент е јасно дека обидот да се дестабилизира руското општество, да се разгори братоубиствена граѓанска војна, не успеа“, рече Наришкин.
Како што рече, Русите покажаа граѓанска зрелост, способност да ја одвојат вистината од лагата.
„Обид за вооружен бунт, предавство, преземен зад грбот на борбената војска – тоа е најстрашното нешто за кое нема оправдување, без оглед на сите претходни заслуги“, рекол Наришкин, пренесува Спутник.
Претходно рускиот лидер Владимир Путин во обраќањето до граѓаните рече дека организаторите на вооружениот бунт се предавници и дека ќе одговараат за тоа.