Шефот на руската разузнавачка служба: Западот ја турка Грузија во војна со Русија

Од:

Шефот на руското разузнавање тврди дека Западот ја турка Грузија, која граничи со Русија, во конфликт со Москва за да отвори втор фронт бидејќи војната во Украина „не се развива во корист на Киев“.

„Гледаме постојани обиди на Вашингтон, Брисел и Лондон да го убедат грузиското раководство за потребата од отворање на таканаречениот втор фронт“, изјави денеска Сергеј Наришкин, шеф на руската надворешна разузнавачка служба (СВР), за време на посетата на Белорусија.

-Тие забележуваат дека моменталната ситуација на бојното поле не е во корист на Украина и ја принудуваат Грузија да влезе во конфликт со Руската Федерација – рече Наришкин.

Шефот на СВР денеска имаше средба со белорускиот претседател Александар Лукашенко, на која белорускиот лидер му порача на Наришкин дека двете земји се соочуваат со сериозни закани.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он