Упадот на Украина во Курск е легитимен и поткрепен со правото на Киев на самоодбрана, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“.
„Украина има право да се брани. И според меѓународното право, тоа право не застанува на границата“, изјави Столтенберг за весникот, додавајќи дека НАТО не бил однапред информиран за плановите на Украина и немал никаква улога во нив.
Шефот на НАТО рече дека Украина напредува кон руска територија, но дека зависи од Киев како ќе ја спроведе својата воена кампања.
„Украинскиот претседател Зеленски јасно стави до знаење дека операцијата има за цел да создаде тампон зона за да спречи понатамошни руски напади преку границата“, рече тој.
„Како и сите воени операции, така и оваа има ризици. Но, Украина одлучува како ќе се брани“, додаде тој.
Русија ја нарече операцијата во Курск „голема провокација“ и најави дека ќе возврати.