Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се согласува со американскиот претседател Доналд Трамп дека американските и европските сојузници треба подеднакво да го делат товарот на воената помош за Украина.

Трамп бара од Европа да инвестира повеќе во одбраната, до пет проценти од БДП, иако ниту една од членките на НАТО, вклучително и САД, не е ни блиску до тоа, и да преземе поголема одговорност за да му помогне на Киев против речиси тригодишната руска инвазија.

Минатата година сојузниците се согласија да и дадат на Украина 40 милијарди евра воена помош, но ја завршија со 50 милијарди, од кои повеќе од половината беа од европските земји и Канада, според податоците на алијансата. Остатокот дојде од САД.

„Тоа испраќа јасна порака за нашата несомнена посветеност на Украина“, им рече Руте на новинарите во Брисел пред состанокот за продолжување на помошта за Киев.

„Тоа е исто така голем чекор напред кон она што го бара претседателот Трамп. Се согласувам со него дека мора да ја стандардизираме безбедносната помош за Украина“, додаде тој.

НАТО неодамна објави дека Европа и Канада инвестирале 485 милиони евра во одбраната во 2024 година, 20 отсто повеќе од претходната година.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Марк Руте: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан

Руте: Русија покажува дека нема сериозни намери да постигне мир

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета