Шефот на МКЦК во петдневна посета на Киев

Од:

Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер пристигна во петдневна мисија во Киев, со цел да помогне во олеснувањето на пристапот на хуманитарните организации што работат во земјата разурната од војната и да се изврши притисок за поголема цивилна заштита, јави ДПА.

Тој треба да се сретне со претставници на украинската Влада, соопшти организацијата.

Во текот на вчерашниот ден, МКЦК заедно со украинскиот Црвен крст, однесе стотици луѓе на безбедно во конвои од над 80 автобуси од опколениот украински регион Суми, во близина на руската граница.

Надлежноста на МКЦК во конфликтите, исто така, често вклучува проверка на условите на воените заробеници.

Швајцарскиот дипломат Маурер, во Киев пристигна откако си заминаа премиерите на Полска, Словенија и Чешка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година