Шефот на иранскиот парламент со закана до Трамп: „Око за око, без исклучоци“

Од:

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека Иран ќе го користи пристапот „око за око“ во војната и дека ќе одговори на секој „акт на агресија“ пропорционално и веднаш.

„Ниеден чин на агресија нема да остане неодговорен. Денес го прогласуваме правилото „око за око“ – без двоумење и без исклучок“, напиша Галибаф на социјалната мрежа X.

„Ако започнат војна против инфраструктурата, сигурно ќе возвратиме со напади врз инфраструктурата“, додаде тој.

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека Иран е наследник на цивилизација стара најмалку 6.000 години и предупреди дека ниедна сила никогаш не успеала да го избрише „тоа познато име“.

„Секој што ја негува илузијата дека ќе го уништи Иран не знае ништо за историјата. Агресорите доаѓале и си оделе. Иран преживеал“, напиша Пезешкијан на мрежата X.

Би можело да ве интересира

Уште еден американски воен авион се урна во Иран

А1он

(ВИДЕО) Заробен е пилотот на соборениот авион Ф-15 во Иран

А1он

Иранска закана за САД: Ќе го уништиме целиот ваш имот и инфраструктурата во регионот

А1он

(ВИДЕО) Иран собори американски воен авион, пилотот се катапултираше – даваат награда за неговото заробување

А1он

Трамп: Лесно можеме да го отвориме Ормутскиот теснец

А1он

ВИДЕО: Како изгледа највисокиот мост во Иран по нападот