Шефот на американската даночна служба Стивен Милер поднесе оставка по започнување на истрагата, која што откри дека неговата служба на непримерен начин ги обележуваше конзервативните групи.
Неговата оставка ја побарал министерот за финансии Џејкоб Лу, пренесуваат агенциите.
Скандалот избил кога се дознало дека официјални лица кои што ги проучувале барањата за ослободување на плаќање даноци, одвојувале групи, користејќи фрази како патриоти.
Како што оценуваат агенциите скандалот со непримерното обележување во даночната служба ќе ја доведе во прашање довербата на граѓаните во таа служба, чија репутација за политичка неутралност ќе претрпи удар.
Американскиот претседател Барак Обама го пренесе ветувањето на министерот за финансии дека ќе воспостави нови систем за проверка и безбедносни мерки кои ќе спречат ваква епизода да се повторат.
Обама кој го отфрли обидот на републиканците да го поврзат со овој скандал, истакна дека откриените злоупотреби во даночната служба се непростливи.
-Нема да го толерирам ваквото однесување во која било агенција, а не особено во даночната служба-истакна тој.
Елена Георгиевска