Шефчович: Санкциите на ЕУ против Русија ќе се силни и ќе се засилат ако има други руски дејствија

Од:

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, најави дека санкциите на ЕУ ќе бидат и силни и ќе се засилат дополнително ако биде потребно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија денеска дискутира за пакетот санкции против Русија откако претседателот Владимир Путин синоќа најави признавање на самопрогласените републики во Доњецк и Луганск. Дебатите во ЕУ се водат на ниво на амбасадори на ЕУ во Брисел и на ниво на министрите за надворешни работи на ЕУ кои се наоѓаат во Париз под претседателство на високиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел.

Од Брисел потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, рече дека “се наоѓаме на критична точка“ и дека кризата со Русија претставува најголема закана за безбедноста и стабилноста од Втората светска војна.

-Украина не е закана за Русија, но лидерството во Русија ја ескалираше кризата со признавањето и со испраќањето на трупи, рече Шефчович.

Поради ова Европската Комисија е на став дека е потребен пакет на строги санкции против Русија и дека доколку Русија посегне по нови дејствија кои ја загрозуваат безбедноста, Европската Унија е подготвена дополнително да ги заостри тие санкции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски бара пет милијарди евра од ЕУ

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање