Шефчович: До летово може да бидат вакцинирани 70 отсто од жителите на ЕУ

Од:

Потпретседателот на Европската комисија изјави дека со договорите за вакцини со фармацевтските компании може да се очекува да се постигне целта да биде вакцинирано 70 отсто од ЕУ населението до крајот на летото и покрај проблемите со Астра Зенека.

Потпретседателот на Комисијата порача дека сега е време да се забрза испорака на договорените вакцини, и дека Астра Зенека и натаму не ги исполнува своите ветувања зацртани во договорите.

Сепак со дозите што треба да пристигнат од Модерна, Џонсон и Џонсон и Фајзер до крајот на вториот квартал, Европската Комисија е оптимист дека ќе се постигне целта на вакцинација на 70 отсто од возрасното население во ЕУ до крајот на летото.

Тој додаде дека ЕУ е регионот кој е најотворен во однос на извоз на вакцини, но дека рестрикции се потребни поради компаниите што не си ги исполнуваат обврските.

-Механизмот за извоз ни овозможува целосна транспарентност за тоа што треба да биде извезено и во која земја, ние не бараме целосна збрана за извозот но очекуваме произведувачите да си ги исполнат обврските од договорите, изјави Шевчович.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он